Вести Македонија Најважни

Арачиново под полициска опсада се апсат припадници на кланот Беланоца/Барон

Има приведени, вршени се претреси, постои сомнеж за обид за пробивање и издавање на акцијата, а операциите на терен се уште траат.

Ова се единствените официјални информации од претставници на МВР и обвинителството запознаени со истрагата  во Арачиново, Чаир и други делови на Скопје против припадници на кланот Беланоца/Барон.

Со истрагата се опфатени повеќе лица за кои полицијата и обвинителството имале сознанија дека или учествувале или помагале во злосторствата на кланот Беланоца.

Се истражува и дали дел од бараните осомничени лица учествувале во убиствата во Шиша бар.

Детали за акцијата и за делата на осомничената група ќе бидат соопштени на прес конференција попладнево, а од обвинителството и од МВР засега молк бидејќи се уште траат активностите на полицијата.

Повеќе извори за Телма потврдија дека имало и обид за издавање и пробивање на акцијата односно обид да се известат криминалците дека е почната истрага против нив и за многу скоро ќе бидат уапсени.

Од Обвинителството засега не коментираат дали акцијата ја почнале порано.

Пред куќите  на осомничените уште вчера попладне биле испратени полициски тимови од специјалните единици за да реагираат веднаш откако ќе пристигнат судските наредби и обвинителите на лице место.

Апсени се припадници на групата Беланоца/Барон кои подолг период се во судир со групата Грчец.

Во нивните пресметки најмалку 5 припадници на двата клана беа убиени, а повеќе од десетина се ранети.

Миомир Серафимовиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе