Вести Најважни Свет

(Видео) Дамаск падна – Асад ја напушти Сирија со авион

Сирискиот претседател Башар ал-Асад се качи во авион и денеска го напушти Дамаск кон непознато одредиште, изјавија два високи воени офицери за „Ројтерс“. Бунтовниците, пак, истакнаа дека влегле во главниот град  без никакви знаци на распоредување на војската.

Илјадници луѓе, пешки и во автомобили, се собраа на главниот плоштад во Дамаск, мавтајќи и извикувајќи „слобода“, рекоа сведоци.

„Славиме со сирискиот народ за веста за ослободување на нашите затвореници и ослободување на нивните ланци и најавуваме крај на ерата на неправда во затворот Седнаја“, соопштија бунтовниците. Седнаја, инаку, е голем воен затвор во предградие на Дамаск во кој сириската влада затвори илјадници луѓе.

Само неколку часа претходно, бунтовниците објавија дека стекнале целосна контрола над клучниот град Хомс по само еден ден борби. Интензивни пукотници се слушаа во Дамаск и претпладнево, изјавија двајца жители, иако не е јасно кој е нивниот извор.

Во руралните области, југозападно од главниот град, млади и поранешни затвореници го искористија губењето на власта за да излезат на улица. Илјадници жители на Хомс излегоа на улиците по повлекување на војската, играјќи и скандирајќи „Асад замина, Хомс е слободен“ и „да живее Сирија, долу Башар ал Асад“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе