Вести Македонија Најважни

ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник

Патот до село Дуф во Општина Маврово – Ростуше  е прооден, а екипата за расчистување е се уште на терен за довршувањето на работата. Во текот на неделава ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Регионалниот ЦУК Тетово известува по добиената информација дека патот Маврово – Галичник од 3 декември 2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено во контакт со „Македонијапат“, пункт Маврово од каде известиле дека ќе прават договор со трети лица и ќе преземаат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие имало 1 679 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ биле 54,62 отсто, а 45,38 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 70,20 отсто, кон итната медицинска помош 22,52 отсто, а кон пожарникарите 3,31 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Меѓаши“ го осудува насилството и видеото со врзаното девојче

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе