Со 331 глас, значително повеќе од потребното мнозинство од 288, француските парламентарци денеска ѝ изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Мишел Барние.
Тој е на функција само три месеци, а сега е треба до претседателот Емануел Макрон да си поднесе оставка, заедно со оставка на целата влада,.
Ова е првпат на една влада да и биде изгласана недоверба од 1962 година, кога падна владата на Жорж Помпиду.
Дебаклот на француската влада следи откако Макрон реши да го распушти парламентот во јуни, што доведе до предвремени избори.
Изборите резултираа со парламент поделен на три приближно еднакви групи без јасно мнозинство, а Макрон не сакаше да им даде доверба на левата или на десната опција, туку на центристите блиски до него.
Нови избори уставно не се можни пред јуни, а Макрон сега ќе се соочи со голем предизвик во назначувањето нова влада во парламентот, кој е поподелен од кога било, како и повиците за негова оставка.
Владата сега ќе биде на функција само како вршител на должноста. Претседателот Макрон потоа ќе треба да назначи нов премиер. Тој е во државна посета на Саудиска Арабија и не се очекуваше да се врати во Париз до вечерва.
За иден премиер на француската влада се споменува името на министерот за одбрана Себастиен Лекорну, кој е близок до Макрон.