Вести Најважни Свет

(Видео) Јужнокорејскиот претседател прогласи воена состојба, па поведе постапка за нејзино укинување – пропаднат обид за државен удар во Сеул

Јужна Кореја ја вознемири меѓународната јавност. Претседателот Јоон Сук Јеол, најпрво прогласи воена состојба во земјата, па неколку часа подоцна поведе постапка за нејзино укинување. Одлуката за прогласување на воена состојба ја образложи со „запирање на антидржавни сили“, но пратениците го отфрлија таквиот Декрет, додека демонстранти се собираа пред зградата на парламентот во најголемата политичка криза во Јужна Кореја во последните децении.

Протестите пред јужнокорејскиот парламент продолжија и по укинување на воената состојба, со барање на граѓаните за апсење на Јоон Сук Јеол. Низ земјата, сепак, владее изненадувачка нормалност по турбулентната вечер и ноќ. Училиштата се отворени, како и државните служби, судовите и банките.

Генералниот секретар на собранието на Јужна Кореја вети правна одговорност за припадниците на армијата за „сите физички и незаконски дела“ што се сторени за „краткотрајната вонредна состојба“ што ја прогласи претседателот на државата.

Владеачката партија го повика претседателот Јоон Сук Јеол да поднесе оставка, како и целиот негов кабинет. Партиските членови воглавно се сложија за смена на владата и на министерот за одбрана, но не обезбедија консензус за исфрлање на Јеол од партијата. За денеска попладне е најавен нов состанок.

Северна Кореја засега молчи за превирањата во Јужна Кореја. Претседателот Јоон, во синоќешното обраќање до нацијата, јасно ја прозва Северна Кореја, истакнувајќи дека прогласувањето на вонредна состојба ја „заштитило Република Кореја од заканите на севернокорејските комунистички сили“ и „ги искоренило просеверенокорејските антидржавни сили кои ја земаат слободата и среќата на јужнокорејскиот народ“.

Јужнокорејските пратеници за денеска најавија дека ќе поднесат барање за отповикување на претседателот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе