Вести Македонија Најважни

Ако јас сум кума на хаосот, ти си гробар на јавниот превоз – Арсовска му возврати на Мицкоски

Ако јас сум кума на хаосот, ти си гробар на јавниот превоз, му возврати градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на премиерот Христијан Мицкоски. Нејзината реакција доаѓа како одговор на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое Арсовска се опишува како самопрогласена реформаторка на јавниот превоз која го довела Скопје до раб на колапс.

„Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш „патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз. Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси, затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти „патриоту” Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа“, се наведува во соопштението на Град Скопје потпишано од Данела Арсовска.

Нарекувајќи ја самопрогласена реформаторка на јавниот превоз, од партијата на Мицкоски вчера обвинија дека градоначалничката го довела Скопје на раб на колапс. Од владејачката партија вчера рекоа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да го поддржат предлогот за набавката на нови автобуси, ако Арсовска е подготвена да покаже отчетност пред граѓаните.

„Во спротивно, ова апокалиптично сценарио на коешто скопјани се принудени да се адаптираат секојдневно ќе продолжи. Пешачење со километри, доцнење на работа стана секојдневие затоа што неспособноста на Арсовска го сведе јавниот превоз да стане мисловна именка“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе