Останато Спорт

Дарио Ивановски добитник на наградата „13 Ноември“: Ќе ме гледате и на следната Олимпијада во подобро светло

Наградата „13 Ноември“ за најдобар спортист за 2024 година ја доби Дарио Ивановски. Манифестацијата традиционално ја организира Сојузот на спортови на Скопје по повод ослободувањето на главниот град, а наградите се доделуваат уште од 1970 година.

Атлетичарот Дарио Ивановски беше лауреат на годинешното доделување на наградите „13 Ноември“ во спортот. Тој имаше фантастична 2024 година и истрча неколку феноменални маратонски трки како онаа во Севилја, кога оствари време од 2 часа, осум минути и 26 секунди. Круна на неговите резултати беше настапот на Олимписките игри во Париз, каде ја заврши трката, но поради повреда не го оствари очекуваниот резултат.

„Сакам да кажам дека ова е само почеток и дека Дарио Ивановски ќе го гледате и на следните Олимписки игри во многу подобро светло. Македонија ќе се гордее со нас“, рече Ивановски.

Игор Јакимовски го доби признанието за најдобар тренер, како еден од најзаслужните за резултатите на Дарио Ивановски. Наградите за животно дело во спортот им беа доделени на фудбалскиот тренер Ѓоко Хаџиевски, потоа ракометниот тренер Владимир Радиќ и Ѓорѓи Чадиковски, атлетски тренер.

Останатите добитници на наградата „13 Ноември“ за 2024 година се Марјан Угриновски, Мирјана Крстевска, Филип Поповски и Влатко Неделковски. Награда за придонес и промоција на спортот во државата доби и  Спортското радио 90.3.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе