Сите членови на комисијата за помилување поднесоа оставка од функцијата по критиките во јавноста за дел од имињата на листата за помилување, пред се за Афик Равманоски, кој во меѓувреме е осомничен за друго кривично дело, обид за убиство.
Одлуката денеска попладне ја соопшти професорот Гордан Калајџиев.
Ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, напиша професорот Калајџиев.
Вината за тоа дека Равманоски, кој важи за еден од шефовите на нарко групата Барон се нашол на листата на помилувани лица за премиерот Христијан Мицкоски е во претходната Влада, иако одлуката за помилување е донесена за време на оваа.
Равмановски е осомничен за обидот за убиство во Чаир кое се случи пред десетина дена додека тој излегувал секојдневно од затворот Идризово со дозвола за работен ангажман.
Пред инцидентот одлуката за негово помилување веќе била донесена, а потписот го ставила шефицата на државата Гордана Силјановска Давкова.
