Вести Македонија Најважни

Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставки

Сите членови на комисијата за помилување поднесоа оставка од функцијата по критиките во јавноста за дел од имињата на листата за помилување, пред се за Афик Равманоски, кој во меѓувреме е осомничен за друго кривично дело, обид за убиство.

Одлуката денеска попладне ја соопшти професорот Гордан Калајџиев.

Ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, напиша професорот Калајџиев.

Вината за тоа дека Равманоски, кој важи за еден од шефовите на нарко групата Барон се нашол на листата на помилувани лица за премиерот Христијан Мицкоски е во претходната Влада, иако одлуката за помилување е донесена за време на оваа.

Равмановски е осомничен за обидот за убиство во Чаир кое се случи пред десетина дена додека тој излегувал секојдневно од затворот Идризово со дозвола за работен ангажман.

Пред инцидентот одлуката за негово помилување веќе била донесена, а потписот го ставила шефицата на државата Гордана Силјановска Давкова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе