Вести Македонија Топ вести

Тилев во „Топ тема“: Македонско-бугарската равенка има познати и непознати, познатите ги знаеме, непознатите треба допрва да ги откриеме

Во македонско-бугарската равенка има познати и непознати, познатите ги знаеме, непознатите треба допрва да ги откриеме, односно да го најдеме излезот од тој Гордиев јазол или лавиринт во кој што се наоѓаме, рече Драган Тилев, државен советник за прашања за ЕУ при МЕП, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Изјавата на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен ја толкувам во контекст дека има политичка димензија во прашањето, тоа се уставните измени и има техничка, односно стандардна процедура низ која минуваат пристапните преговори врз основа на преговарачката рамка, меѓутоа и врз основа на многу други документи кои што го утврдуваат начинот на одлучување и одвивање на целиот процес“, изјави Тилев.

Ако се одвоиме малку од политичкиот проблем, смета Тилев, тогаш изјавата на Фон дер Лајен дека напорно работи и тие напорно работат како Комисија, тоа и се случува.

„Сведоци сме дека во изминатиот период, по отворање на меѓувладината конференција од 2022 година, продолжи процесот на скрининг. Скринингот се спроведе успешно и понатаму се случуваа скрининг извештаите кои што ги подготвува Европската комисија на објективен начин, врз основа на проценка и оценка на сето она што ние сме го презентирале во сите шест кластери во трите области, посебно во кластерот „Фундаменти“, и во 33-те поглавја кои што се предмет на преговарање. Тие, како Европската комисија, веќе завршија пет од шест скрининг извештаи за пет кластери од кои за првиот кластер го добивме и официјалното писмо за време на шпанското претседавање со одредниците кои треба да се исполнат за да може да го отвориме кластерот „Фундаменти“, потенцира Тилев.

Македонија, додаде Тилев, го сработи патоказот за владеење на правото и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинските заедници и патоказот за реформа на јавната администрација.

„Тоа се одредници кои ние мора да ги исполниме за да може да го отвориме кластерот „Фундаменти“, истакна Тилев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србите на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале собири за поддршка на Вучиќ

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе