Вести Најважни Свет

Калед Мешал застана на чело на Хамас, милитантите влегуваат во нова ескалирачка фаза во војната против Израел

Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници.

Хезболах во соопштение наведува дека од почетокот на копнената офанзива во Либан на 1. октомври израелската армија загубила 55 војници, а повеќе од 500 од нив се ранети, пренесуваат британските медиуми.

Синвар, организаторот на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој почна војната во Газа, беше убиен во средата за време на операција на израелските војници во палестинската енклава.

Синвар, кој беше именуван за лидер на Хамас по убиството на политичкиот шеф, Исмаил Ханија, во Техеран во јули, се верува дека се криел во тунелите изградени од Хамас под Газа во последните две децении.

Израелската војска објави снимка од беспилотно летало на која се гледа како Синвар седи во фотелја, покриен со прашина, внатре во уништената зграда.

Западните лидери изјавија дека неговата смрт дава можност да се стави крај на конфликтот, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војната ќе продолжи се додека не се вратат заложниците земени од милитантите на Хамас во октомври минатата година.

Калед Мешал застана на чело на Хамас

Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на свои извори.

Машал сега е одговорен за сета комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либанската телевизија.

Извори потврдија за ЛБЦИ дека раководството на Хамас ги информирало турските, катарските и египетските власти за смртта на Синвар за време на операцијата во Тел ал Султан.

Покрај тоа, наведуваат дека за убиството на Синвар и неговото влијание врз преговорите и потенцијалниот прекин на огнот разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Хамас најави дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната „ќе стануваат сè потешки и сложени“.

Јахја Синвар е мртов – Израел тврди дека е убиен лидерот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе