Балкан Вести Свет

Во поплавите во Босна и Херцеговина загинаа 20, а се трага за уште 18 други

Во обилните поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина  загинаа 20 луѓе, а се трага за уште 18 други. Ситуацијата е особено тешка во градот Јабланица, каде поплавите предизвикаа значајни штети на на куќите, а поплавена беше и џамијата.

Спасувачките напори се во тек, а екипи од соседните земји, како и од неколку земји од ЕУ, пристигнуваат за да помогнат во расчистувањето на остатоците. Спасувачките екипи се на терен во пребарување и спасување на исчезнатите лица, а вооружените сили на БиХ сè уште се ангажирани во помагањето на локалните служби да ги расчистат остатоците.

Прогласена е тридневна жалост од страна на Владата. Критична е ситуацијата во Фојница и Коњиќ каде има и жртви , додека во местата Доња Јабланица се уште се трага по исчезнатите  семејства. Уништени се патните и железничките врски, а сообраќајот од Мостар кон Јабланица е целосно блокиран.

Состојбата во подрачјата погодени од поплави и одрони е исклучително тешко, а отстранувањето на првите слоеви насипи и повлекувањето оди бавно. Градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ, вели дека е зафатена површина од 300 квадратни километри, а 20 села се уште се отсечени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе