Учениците со попреченост кои до сега во рамките на воведената Инклузија, учеа во училишта за деца со типичен развој , од септември ќе може да се вратат на настава во специјализираните училишта низ државата за деца со хендикеп, зашто Инклузијата се покажа како нефукционална. Ова е договорено на денешната средба меѓу министерката за образование и наука, Весна Јаневска и претставникот од Коалицијата „ Менуваме“ , која ги застапува правата на лицата со попреченост. А, останатите деца со хендикеп, кои ќе решат да останат на настава во училиштата за деца со типичен развој, ќе добијат 200 нови образовни асистенти на веќе постоечките 620.
Инклузијата на учениците со попреченост не вроди со плод, туку направи хаос. Затоа учениците со попреченост , од основно и средно образование кои до сега учеа во училиштата за деца со типичен развој, од септември ќе можат да следат настава во специјализираните училиштата за лица со хендикеп. Ова е договорено на денешниот состанок меѓу министерката за образование и наука, Весна Јаневска и претставникот од Коалицијата „ Менуваме“, која што ги застапува правата на лицата со попреченост.
- Од оваа година сите дечиња со попреченост кои што сакаат , можат да се запишат во нивните училишта , каде што тие припаѓаат , независно дали се училиштата за лица со оштетен вид, или училишта за оштетен слух и говор, кажа Суарет Алишан од Коалиција „ Менуваме“.
А, за оние деца што ќе решат да продолжат со настава во училиштата за ученици со типичен развој, бројот на образовни асистенти ќе се зголеми од досегашните 620, за уште 200.
На состанокот со министерката за образование, од Коалицијата „ Менуваме“ , предложиле повеќе измени на усвоената Националната стратегија за правата на лица со попреченост : Враќање на педагошкото домување во интернати, измени на несоодветната, како што рече Алишан, МКФ- проценка за функционалноста на децата, нова програма на Институтот за специјална едукација и рехабилитација со 2 години општа и 2 години настава за посебни видови хендикеп , а во специјализираното скопско училиштето за основци и средношколци со оштетен вид „ Димитар Влахов“, наставата за Графичката струка и ПТТ да се замени со гимназиско и музичко образование, кои што учениците ќе ги следат со Брајово писмо. Алишан инсистира промените во „ Димитар Влахов“ да стапат на сила од новата учебна година.
- Барем гимназискиот дел и музичкиот дел да почне да функционира бидејќи можам да кажам дека музичкиот дел е многу спремен , бидеќи ги имаат сите инструменти, кажа Алишан.
Сите предлози се во насока на унапредување на правата на 2000 ученици со хендикеп во Македонија. А, предложените измени од „ Менуваме“ на писмено ќе и ги достапат на министерката Јаневска и тие ќе бидат дел од 6 законски измени што треба да бидат усвоени.
Сотир Трајков
