Вести Македонија

СВР Скопје со детали за случајот со малолетниците, 40-годишникот бил пријател на роднина на едно од децата

Секторот за внатрешни работи Скопје попладнево информираше дека целосно е расчистен случајот со четирите малолетници од кои две во бесознание беа пронајдени во куќа на 40-годишник и однесени на Клиниката за токсикологија.

Според информациите на СВР Скопје, веднаш се преземени голем број на оперативно тактички мерки и дејствија, со цел расветлување на настанот и утврдување на точната фактичка состојба.

– Од страна на увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење, се наведува во соопштението од СВР Скопје.

Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта во четвртокот пристигнале во куќата во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица, а која е сопственост на Д.Ѓ. (40), кој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.

– Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д.Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти. Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале и при тоа се здобиле со повреди, информираат од СВР Скопје.

Д.Ѓ.  е лишен од слобода и со него е извршен разговор при што тој ги потврди исказите од малолетните лица.

Против Д.Ѓ.  е поднесена кривична пријава во брза постапка за  кривично дело „тешки дела против здравјето на  луѓето“ по чл.217 ст.1, а во врска со кривично дело “производство и пуштање во промет средства за лекување“ предвидено и казниво по член 212 ст.1 од КЗ.

Осомничениот е изведен пред Судија на претходна постапка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе