Вести Македонија

Опозицијата е обединета, а против Алијанса за Албанците се води специјална војна – тврди Зијадин Села

Во програмата на Владата нема ниту еден збор од програмата на коалицијата Вреди, а против Алијанса за Албанците се води специјална војна.

Вакви тврдења изнесе Зијадин Села, предводникот на партијата и крилото кое се одвои од Арбен Таравари непосредно пред изминатите избори.

Во државата е креирана политичка состојба со грубо кршење на волјата на гласачите, вели Села.

Тој, заедно со четворицата пратеници од Алијанса за Албанците, поранешни министри и блиски соработници кои му ја даваат поддршката, денеска се во Скопје на Централно собрание на партијата. Главна тема е политичката состојба, а се избираат и органите на партијата. Илире Даути е нов генерален секретар, а Тирон Јајага е избран за организициски секретар.

Инаку, во Алијанса за Албанците сѐ уште не е завршена правната битка за печатот на партијата, додека случајот е во судските инстанци.

Алијанса за Албанците се подели во предизборието, дел од членството предводено од Села на изборите коалицираше со ДУИ, а другиот дел сега е во владиното мнозинство како коалициски партнер од Вреди.

„И во минатото имаше такви муабети дека од Алијансата за Албанците ќе избега овој или оној пратеник. Немаше никаква вистина во тоа. И за жал, избега претседателот на партијата. Самиот факт што во програмата на Владата не можете да најдете ниеден збор од програмата и платформата на Влен, подразбира дека тоа не е Алијансата за Албанците таму во коалиција со Влен, туку таму е само Арбен Таравари. И сѐ што се случи, се случи со една цел – Тој да стане министер за здравство, за негови лични интереси“, изјави Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Во изминатиот период, предводникот на „одметнатите“ членови на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој влезе во коалицијата Вреди, заедно со Алтернатива, Беса и Демократско движење, беше мета на критики од страна на политичките противници.

Европскиот фронт предводен од ДУИ, каде што е и Села со неговите поддржувачи, изразија загриженост за одлуката за назначување двајца етнички Македонци за директори на Фондот за здравствено осигурување.

Ова продолжи со критики и за недоволно вработување на етнички Албанци во институциите – не само здравствените, туку и воопшто.

За министерот за здравство, Арбен Таравари, овие обвинувања се смешни, иако, разбира дека тоа е задача на опозицијата.

Во етничкиот албански блок на политички партии, денеска разврска има и во Алтернатива, која е дел од коалицијата Вреди.

Тие денеска во Куманово одржуваат вонреден конгрес, откако по изборот за собраниски спикер, Африм Гаши поднесе оставка од позицијата, по што вршител на должноста беше поранешниот министер за здравство Беким Сали.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе