Вести Македонија Најважни

Три часа по полноќ и со двотретинско мнозинство изгласан првиот Закон на новиот парламентарен состав

Нешто пред три часот наутро, народните избраници со аплауз го поздравија изгласувањето на првиот Закон од страна на новиот парламентарен состав.

88 пратеника, високо над прагот за двотретинско мнозинство дадоа „амин“ за реорганизација на министерствата и нов лик на државната управа.

Маратонскиот ден во Собранието беше исполнет со низа обвинувања и кавги од собраниската говорница.

22 пратеници гласаа „против“ измените на Законот за организација и работа на државната управа.

„Полумерки“ со кои се навредува интелигенцијата на граѓаните, но и на стручната јавност – ова е само еден од описите доделени од опозицијата.

За дел од пратениците, ова е „шверцерско“ донесување на Закон по скратена постапка, поради што тие повеќе од 12 часа беа во Собранието.

За мнозинството, пак, реформите се клуч за поефикасно функционирање на државните институции.

„Сметам дека главното прашање е зошто овој Закон се носи по скратена постапка. Се отвораат многу сериозни прашања, анализа на министерства, нешто што ќе означи како ќе функционира Владата во иднина“, кажа Венко Филипче, пратеник од СДСМ.

 

„Не знам како новото владино мнозинство мислеше дека мракот на ноќта ќе ги сокрие нивните злокобни намери и нивните намери да „прошверцуваат“ Закон“, вели Реџеп Исмаил, пратеник од Левица.

Двотретинското мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, се комплетира и со пратеници од Европскиот фронт на ДУИ, чии гласови се покажаа како клучни за реорганизацијата на ресорите.

ВМРО-ДПМНЕ доцна вечерта соопшти дека дел од пратениците од нивната пратеничка група, се сретнале со делегација од Демократската унија за интеграција.

Претставниците на Европскиот фронт изразиле поддршка за измените на законот и информирале дека ќе гласаат за усвојување на законот.

Поради ова ДУИ доби „пофалба“ од политичките противници од коалицијата Вреди, дека се конструктивна опозиција.

Според СДСМ, почетокот на новото мнозинство не би можел да биде попоразителен.

„После денешната коалиција се поставува прашањето – кој во чиј скут седи?! Па и пудлиците се погласни од Вас што бевте вечерта“, кажа Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ.

 

„За ова не сме пишман. Ако го гледаме Предлогот на Законот, овде ги имаме надлежностите од еден орган во друг орган и ова ќе биде во духот на Охридскиот договор“, вели Блерим Беџети, пратеник од ДУИ.

На сето ова му претходеа комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и законодавно правната комисија, каде претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги судрија аргументи „за“ и „против“ измените на Законот.

„Тоа што сте освоиле 58 пратенички мандати – секоја чест, но тоа не ви дава право да демонстрирате самоволие и да правите што сакате“, кажа Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

 

„Министрите од Социјалдемократскиот сојуз коишто 80% се пратеници во овој момент, очигледно дека сакаат да останат министри уште ден, два три и да ги користат удобностите. Па не дај Боже за државата да потпишат и уште некој тендер којшто ќе се случи деновиве, додека да се смени оваа Влада“, одговори Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Со измена на Законот, наместо 16 се воведуваат 20 министерства или четири нови, во државната управа. Најмалку три министерства ќе бидат прегрупирани.

За дел од опозицијата, ова се прави само за да се отвори пат за инсталирање на повеќе функционери во државниот апарат и вработување на партиски кадри.

За мнозинството, реорганизацијата на владините ресори се прави за поефикасно функционирање и за потребите на граѓаните.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе