Ракомет Спорт

Цехте уште една сезона во дресот на Еурофарм Пелистер

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте ќе остане во редовите на Еурофарм Пелистер уште една сезона. Тој денеска потпиша нов договор со македонскиот шампион.

Цехте беше еден од најдобрите играчи на битолчани изминатата сезона. Во Лигата на шампиони постигна 34 погодоци, а играше одлично и во домашното првенство. Десниот бек секако е еден од најзаслужните играчи за одбрана на титулата во Суперлигата. Тој сега ќе остане уште една сезона во зелено-белиот дрес, а минатото лето пристигна во Битола од дански ГОГ Гудме.

По завршувањето на сезоната тимот Еурофарм Пелистер се збогува со седум ракометари, а тоа се Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.

Пелистер вчера објави дека Кајо Цикатиќ ќе го засили тимот на пикерската позиција, а уште претходно ги договори голманите Никола Митревски и Филип Ивиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе