Вести Најважни Свет

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси се урнал во планинскиот регион во близина на границата со Азербејџан, соопшти Ројтер пренесувајќи изјави на ирански претставници.

Претходно иранските државни медиуми соопшти дека хеликоптерот на претседателот, со кој летал и министерот за надворешни работи Хусеин Амирабдулахиан имал тешко слетување, поради лошите временски услови.

Ценетиот претседател и неговата придружба се враќале назад со неколку хеликоптери и еден од хеликоптерите бил принуден да изведе тешко слетување поради лошото време и маглата. Повеќе спасувачки тимови се на пат кон регионот, но поради лошите временски услови и маглата најверојатно ќе биде потребно повеќе време да стигнат до хеликоптерот, изјави иранскиот минситер за внатрешни работи Ахмад Вахиди.

Поради лошите временски услови и маглата видливоста е намалена на само пет метри, соопштуваат иранските медиуми, и спасувачките тимови сѐ уште не го лоцирале хеликотперот на Раиси.

Иранскиот претседател бил во посета на провинцијата Источен Азербејџан за пуштање во употреба на хидроакумулација заедно со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Раиси на функцијата беше избран во 2021 година и беше предводник на заострувањето на т.н морални закони, како и бруталното задушување на антивладините протести во 2022 година по убиството на 22 годишната Махса Амини.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе