Вести Избори 2024 Македонија

Османи од Охрид: Интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад

Кандидатот за претседател на Демократската унија за интеграција Бујар Османи денеска имаше предизборна средба со граѓаните на Охрид.

Тој им порача дека престојните избори тие имаат избор меѓу две алтернативи – интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад.

Тоа се двете понуди што им се нудат на граѓаните на овие избори. Како кандидат на Европскиот фронт, ја нудам интеграцијата во ЕУ, и тоа во наредните пет години. Заокружување на седум години напор да станеме членка на Унијата. Ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ, како претседател можам да ветам дека ќе го заокружам тој процес и до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ, рече Османи.

Меѓутоа, како што посочи, Европскиот фронт нуди и соживот, наспроти опцијата што бара 61 пратеник за да се исклучат другите.

И денеска и пратив порака на мојата противкандидатка Гордана Силјаноска. Барањето 61 пратеник е спротивно на сите начела на соживотот и мултуетничката демократија. Да прекинеме со говорот на омраза. Оваа држава може да биде богата, проесперитетна и успешна, само ако сите имаме еднакви права и можности. Тоа го нудам јас како кандидат за претседател, рече меѓу другото претседателскиот кандидат Бујар Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе