Енкеледа Чела (21), државјанка на Албанија, исчезна во скопската населба Илинден. Нејзина фотографија е објавена на социјалните мрежи, a случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи (МВР). Таа е студентка на Економскиот факултет во Скопје.
Според описот на објавата на социјалните мрежи, висока е 160 сантиметри има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец.
Нејзината другарка Јоана Манојловска ја сподели објавата за исчезнатата девојка на Фејсбук. Последен пат, како што пишува, ја видела во петокот вечерта.

