Вести Македонија

Нема докази дека приведените се сторители на убиството во Железара – готови се вештачењата од Судска медицина

Тројца беа приведени, за двајца беше одреден куќен притвор – но, докази за убиство на 67-годишниот матичен лекар во Железара, сѐ уште не се обезбедени.

Јавниот обвинител нема да предложи судот да определи нови мерки за претпазливост за лицата кои беа задржани, во врска со овој настан.

Ова е најновата информација од Обвинителството, по извршените вештачења во Институтот за судска медицина.

„Со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина, не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело. Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело“, велат од Јавното обвинителство.

Убиството на 67-годишниот лекар, на паркингот пред Поликлиника „Железара“ веќе цела недела е обвиткано во мистерија. Трагите од крв и паркираното возило на човекот беа сѐ што надлежните успеаа да пронајдат на лице место.

Оттогаш па до денес преземени се над 20 истражни дејствија и прегледани над 50 камери.

Според првичните информации, на телото на лекарот имало девет убодни рани.

Но, мотивите за убиството сѐ уште се длабоко затскриени. Пред два дена, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека истите не се поврзани со дејноста на докторот.

Лекарот бил убиен минатиот четврток. Безживотното тело го нашле неговите синови, откако тој неколку часа не се враќал дома, по завршување на смената на работа.

Потоа, лекарите од Итната медицинска помош само констатирале смрт.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе