Вести Македонија Најважни

Свежи траги од крв, но и многу прашања без одговори – кој и зошто го уби матичниот лекар од Скопје

Трагите на местото сведочат за тоа каде завршил животот на лекарот од Скопје. Прашањата: кој го убил и зошто – засега се без одговор.

Сѐ се случило пред ординацијата на 67-годишниот матичен доктор. Неговото возило било паркирано непосредно на паркингот пред вратата, а во него подоцна е пронајдено безживотното тело.

„Стоиме на празниот паркинг пред поликлиника „Железара“, каде што единствените траги коишто сведочат за грозоморниот чин што се случил синоќа, се свежите траги од крв на асфалтот.“

Непознато е кога бил убиен човекот. Доцна вечерта, еден час пред полноќ го пронашле синовите. Неколку часа не се враќал од работа и знаеле каде да го бараат.

Прво што здогледале е – неговиот паркиран автомобил.

Веднаш повикале брза помош и полиција. Докторите само констатирале смрт.

„Синоќа околу 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека во сопственото возило марка „Киа“, на паркинг пред поранешната поликлиника „Железара“, со убодни рани е пронајден 67-годишен скопјанец. Имено, него го пронашле синовите коишто почнале да го бараат откако тој не се вратил од работа“ вели Тони Ангеловски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по настанот се огласија и од Јавното обвинителство. Издадени се неколку наредби и се работи на расчистување на случајот.

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Една од камерите која со сигурност ќе биде прегледана е онаа на влезот на Поликлиника „Железара“, за најпрво да се идентификува сторителот на убиството.

Возилото на 67-годишниот лекар е однесено од паркингот рано утрината.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе