Вести Македонија Најважни

Врховен ја одби жалбата на таткото на убиената Вања – Александар Ѓорчевски останува во притвор

Александар Ѓорчевски, таткото на Вања и неговата одбрана денеска на јавна седница пред Врховниот суд ја образложија жалбата за неговиот притвор. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ по седницата рече дека е уверен во невиноста на Ѓорчевски и се што се случува е грешка, а жалбата се темели на конвенцијата за човекови права, бидејќи се работи за превентивен притвор што не е дозволиво.  Според Туфегџиќ обвинителството досега не доставило ниту еден доказ за делото за кое се товари Ѓорчевски, кој ниту ги познавал, ниту комуницирал со другите осомничени.

„Тоа ќе го прашате јавниот обвинител. Јас такви сознанија немам, ниту јавниот обвинител ме удостоил она што е негова законска обврска да ми ги предочи доказите, иако и на тоа се повика при сослушувањето на Александар, кое е видео снимено и до ден денеска не постапил по тоа барање. Подолг временски период немам, иако сум барал со јавниот обвинител“, рече Туфегџиќ.

Ѓорчевски беше видно вознемирен за време на неговото излагање пред судот.

„Јас сум поделен на два света. Во моментот едното дете ми се наоѓа тука, другото го одземаа. Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешницата, туку  конечно да ја дочекам за да ја донесам одлуката дали ќе продолжам на овој свет или кај другото дете“, изјави Ѓорчевски.

Обвинителството побара жалбата да се одбие како неоснована бидејќи постои основано сомнение дека Ѓорчевски го сторил кривичното дело грабнување, а со истрагата се доаѓа до нови докази.

„Во тек е вештачење на телефонските разговори од кои како докази се извлекува неспорно сомнение дека го сторил кривично дело. Се уште постои причина за притвор, бидејќи станува збор за тешко кривично дело од кое е произлезена тешка последица и одземен млад живот. Осомничениот може да се даде во бегство“, порача обвинителката Наталија Тасевска.

Таа додаде дека постои можност Ѓорчевски да влијае на сведоци и на другите инволвирани во случајот и повторно да стори кривично дело.

Во меѓувреме, се чека екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, првосомничен  за грабнувањето и двојното убиство на Вања и на велешанецот Панче Жежовски. Според исказите на останатите осомничени, Палевски им кажал дека информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама му ги дал Ѓорчевски.

„И со екстрадицијата и без екстрадицијата јас сум уверен дека доказите кои ги нема и целокупната состојба е апсолутно во полза на Александар“, додаде Туфегџиќ.

Во судницата беа присутни и мајката, таткото и сестрата на Ѓорчевски. Апелациониот суд минатиот месец ја одби неговата жалба, а последна инстанца е Врховниот суд.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе