Вести Македонија Топ вести

Тетово потона во мали депонии – секоја улица и секој тротоар се узурпирани од ѓубре, контејнерите се недоволни

Еколошка катастрофа и извор на зараза. На секој чекор, секој контејнер во Тетово е само декор среде мали депонии.

Улиците станаа одлагалиште на отпад, тротоарите узуприрани од вреќи и пластични ќеси.

Протестот на вработените во комуналното претпријатие трае трет ден. Тетовчани со денови веќе го гледаат ѓубрето и ја чувствуваат миризбата. Стравуваат за своето здравје.

„Ова е брука за градот. Ама имаат право и тие. Штрајкуваат затоа што 2-3 месеци немаат земено плата. Треба да се одважи општината и да им излезе во пресрет на работниците, да им даде тоа што треба да им се даде и тие да си ја вршат работата“ вели една жителка на Тетово.

 

„Гледате колку е убаво. Многу. Поубаво од ова нема. А, што можеме да направиме ние како граѓани? Единствено да не фрламе отпад надвор од контејнер“ додава нејзина сограѓанка.

 

„Ѓубрето стои вака една недела. Општината е надлежен орган, а потоа ЈКП. А, од Комуналното немаат земено плата пет до шест месеца и затоа е ваков проблемот“ дополнува уште еден тетовчанец.

Претходно, вработените од Јавното комунално претпријатие од Тетово најавија дека нема да се вратат на работа доколку не им бидат исплатени заостанатите плати од месец август.

Не се ниту здравствено осигурени. Празните ветувања ги слушаат постојано и смачено им е да протестираат за секоја плата поединечно.

„Ако не пуштат плата за претходните три месеци – ние не излегуваме на улиците да чистиме. И три месеци, па дури и пет месеци може да седиме овде. Секој месец ние се гребеме за плата. Имало пари – немало пари“ кажа Нусрет Бајрами, вработен во ЈКП Тетово, на протестот пред три дена.

Станува збор за повеќе од 120 вработени во ЈКП Тетово. Ова не е првпат тие да протестираат.

Надлежните од општината засега остануваат само на најавите дека ќе имаат состанок со работниците, за надминување на проблемот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе