Вести Македонија Најважни

Фирмите кои се црната листа на САД да не смеат да учествуваат на тендери за јавни набавки, предлага Спасовски

Фирмите кои се на црната листа на САД  да бида добијат забрана да учествуваат во јавни набавки во земјава. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски очекува Владата да дискутира за вакви законски измени.  Вчершната црна листа на САД освен со Ратка Камчева и брачниот пар Самсоненко беше проширен и со уште 5 фирми блиски до Камчеви и Самсоненко-  Систина Лајф Кер Центар, Орка Холдинг, Бет сити, Орка Фајнанс, Камчев консалтинг.

Заменик министерката за правда пак очекува правосудните институции да регаираат повеќе

Купопродажбите на земјиште и фирми, и финансиските трансакции меѓу брачната двојка Самсоненко и Орце Камчев споменати во соопштението на американското Министерство за финансии беа опфатени со случајот Плацеви на Водно.

Овој предмет во моментот е пред Врховниот суд, откако скопска Апелација му ја зголеми казната затвор на екс премиерот Груевски од 7 на 9 години на Мијалков му ја намали од 1,3 години затвро во условна а на останантите мегу кои и Камчев им ја потврди

Апелација  ги отфрлила жалбите на  адвокатот на Лајф Кер Центар  за конфискацијата, за која тврделе дека изврешна од трето лице кое ниту знаело ниту можело да знае дека имотот е стекнат на незаконит начин.

  • Во конкретниот случај во 2015 година јавно беше обелоденето дека недвижниот имот кој е предмет на овој кривично правен настан е стекнат на незаконит начин, додека промената на сопственичката структура е неколку години покасно, па дури и по поднесеното барање за спроведување на истрага, се вели во Пресуда на Апелационен суд Скопје за “Плацеви на Водно”.

Во вчерашното соопштение стои дека во 2021 година, Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот период, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанс); двете компании се поврзани со Ратка Камчева.

Драги Рашковски како главен соработник на поранешниот премиер на  Заев наводно примил поткуп од за црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за средба со премиерот Заев . Ова стои во обралзожението со кое Дака, вчера беше ставен на црна листа. Министерот за внатрешни нема такви информации.

За тоа дали обвинителството знаело или постпаувало по сознанија за поткуп кој е истакнат и во одлуката на американското министерство за финансии  од обвинителството за Телма велат

  • Одлуката за ставање на одредено лице на т.н. црна листа на САД ја носат американските органи. Особено кога се работи за забрана изречена кон странски државханин, обвинителството не е во можност да се произнесе по сознанијата кои придонеле за таквата одлука.

Амбасадорката на САД, Агелер вчера испрати порака дека назначувањето е предупредување за поединците кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја изневеруваат довербата на народот дека САД ќе бараат одговорност од таквите корумпирани актери.  Оваа ознака е потсетник дека тие со кои што соработувате може и ќе имаат влијание врз вас и вашето семејство.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе