Вести Македонија Најважни

Во буџетот за идната година нема пари за повисоките функционерски плати, повеќе средства за пензии, за здравство и за образование

Околу 5, 5 милијарди евра владата планира да потроши догодина, а во државната каса да собере околу 5 милијарди евра.  Министерот за финансии Бесими и премиерот Ковачевски заедно го презентираа буџетот за 2024. Раст има и на приходната и на расходната страна, а дефицитот ќе изнесува половина милијарда евра.

Како и секоја година така и за следната Бесими  проектира високи бројки  и за капиталните инвестиции- ставка од која отоа најчесто се крати. Иако, 2024 е изборна година, за изградба на пруги, градинки, училишта, државата планира да потроши  733 милион евра.

Над 660 милиони евра се предвидени за плати на вработените во јавниот сектор.

Плус пари ќе има за зголемените примања во образование,  здравство, за пензионерите, а ќе продолжат и субвенциите за струја. Бесими тврди, за идната година, не предвидел средства за повисоките функционерски плати.

За парламентарните и за претседателските избори догодина, ќе се потрошат нешто над 16 милиони евра. Државата ќе се задолжи и над една милијарда евра. Со парите ќе се враќаат стари долгови, а ќе се покрива и буџетскиот дефицит.

И премиерот и министерот за финансии оптимисти, инфлацијата ќе паѓа, во 2024 ќе биде 3, 6 отсто, а растот 3,4 проценти.

Ирена Чачкова

Буџетот за 2024 година е 5,5 милијарди евра – за 3,4 отсто потежок од овогодишниот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе