На поединечни средби, зад затворени врати и без присуство на медиумите, Гир лично им го врачи извештајот на ЕУ на претседателите на државата и на собранието. Во владата беше примен од вицепремиерот за европски прашања. Сите се воздржаа од коментар за критиките во извештајот. Во кусото соопштение, Џафери вели дека Собранието останува отворено за сите укажувања во врска со евроатлантските интеграции. Маричиќ, пак, се фокусира на планот за раст на Западен Балкан.
Во својата објава на фејсбук Пендаровски, го објаснува значењето на извештајот.
Во толкувањата на функционерите, изостанува самокритика, за неповолните делови виновници се бараат од пред повеќе години.
Партиите, пак, извештајот го толкуваат како ним им одговара.За критиките се виновни противниците,за пофалбите тие самите.
Анализите од експертите допрва следат а утре се очекува евроамбасадорот Гир и подетално да го претстави извештајот пред јавноста.
Далиборка Демјанска Цветановска
