Вести Македонија Најважни

Отсуство на самокритика во реакциите на извештајот на ЕУ

На поединечни средби, зад затворени врати и без присуство на медиумите, Гир лично им го врачи извештајот на ЕУ на претседателите на државата и на собранието. Во владата беше примен од вицепремиерот за европски прашања. Сите се воздржаа од коментар за критиките во извештајот. Во кусото соопштение, Џафери вели дека Собранието останува отворено за сите укажувања во врска со евроатлантските интеграции. Маричиќ, пак, се фокусира на планот за раст на Западен Балкан.

Во својата објава на фејсбук  Пендаровски, го објаснува значењето на извештајот.

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ми го презентираше Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година.
Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание.

 

Во толкувањата на функционерите, изостанува самокритика, за неповолните делови  виновници се бараат од пред повеќе години.

Партиите, пак, извештајот го толкуваат како ним им одговара.За критиките се виновни противниците,за пофалбите тие самите.

Анализите од експертите допрва следат а утре се очекува евроамбасадорот Гир и подетално да го претстави извештајот пред јавноста.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе