Вести Економија Топ вести

Бектеши објаснува за гасот, Ковачевски се смее, а одговорите контрадикторни

Министерот за економија Бектеши направил пресметка и калкулации кои покажале дека  рускиот гас во земјава поскапел,  поради таксата  која ја воведе Бугарија.  Вели дека снабдувачите кои имаат директна конекција со Гаспром ги зголемиле цените, а такви  биле двајца.

Снабдувачот кој има директен договор со „Газпром“ започна со зголемување на цените за 10 евра со вградување на таксата која е воведена во Бугарија. Такви снабдувачи во државата имаме двајца -еден е фирма ќерка на ТЕ-ТО, а другата е фирма во Македонија која користи целосно руски гас. Тие веќе стануваат неконкурентни на македонскиот пазар со снабдување на рускиот природен гас,  вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Од едниот снабдувач – Макпетрол,  добивме одговор дека цената не е промента, нема зголeмување и останува иста за сите нивни клиенти, без разлика на таксата од 10 евра која ја воведе Софија за рускиот гас, кој поминува низ бугарска територија.

Додека, Бектеши одговараше, со широка насмевка зад неговиот грб, со покривање на лицето додека течат новинарски прашања ,од кои други извори ќе се снабдува Македонија со гас за ТЕТО, кој произведува топлинска енергија и струја, премиерот Димитар Ковачевски доби прекор за своето несоодветно однесување зад грбот на министер.

-Премиерот: За гас да не имате прашање или вие немате толку знаење? 

Новинар: Премиере треба да бидете малку покоректни  и посериозни затоа што статистиките за слобода на говор се влошуваат.

А одговорот на Бектеши е дека Македонија има пристап до помалку од половината потребен гас за производство на струја, парно и за индустријата во државата. Врз цената на таа половина гас, според Бектеши нема да влијае бугарската такса. Додека премиерот му се смееше зад грб, Бектеши во оптимистички стил ги информираше граѓаните.

-Граѓаните треба да бидат спокојни, за топланите и за дел од индустријата од лани имаме обезбедено количини. Но, ако има потреба да користи  од ТЕТЕ може да има влијане, затоа што ќе користат  гас под закуп на Гаспром. Потрошуваката е 400 милиони нормални метри  кубни, половина сме ги ослободиле, половина мора да ги ослободиме, додава Бектеши.

Неполнa минута подоцна, министерот соопшти дека може да биде и друг неруски гас, ако биде ослободена и втората половина од капацитетот за потребите на државата, но не одговори конкретно колку ќе чини замената на гас од други извори.

Од владата веќе извесно времe бараат од европските тела,  Бугарија да го ослободи капацитетот од постоечкиот  гасовод за да се скокне таксата, со образложение ако не се направи тоа загревањето и струјата ќе поскапат за 20 отсто. Но, Европската комисија од каде се бара реакција, минатата недела даде зелено светло за руската такса на Бугарија.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе