Вести Македонија Топ вести

„Да не биде кабелот крив“ порачаа граѓаните и наместо пред ОЈО, протестираа пред Влада и пред Министерството за здравство

Kабелот пред Влада денес ја симболизираше пораката – да не биде тој виновен туку да се најдат и казнат вистинските криминалци. Граѓаните по четврти пат протестираа за скандалот на Онкологија.

Правда за жртвите и разрешница на скандалот на клиниката – ова е главното барање.

Граѓаните критикуваат – институциите не се доволно ажурни. Денешниот протест помина со помала посетеност од претходните протести наспроти апелите за масовност.

„Граѓаните не веруваат ниту на Обвинителството, ниту на власта затоа што сите министерства почнаа полека да имаат вакви дупки во своите ресори. Мене ме загрижува тоа што народот доаѓа сѐ помалку масовно. Тоа не значи дека не се револтирани, но затоа што некои од партиите си го припишаа протестот како свој. И еве ви сега што се случи. Кога е семасовен протест не треба да му ставаш партиска етикета“ вели еден од протестирачите.

 

„Ова е голем криминал. Мора да се истражи до крај и не смее да се запостави. Еднаш веќе мора да се доведат работите во ред“ додава друг од присутните.

За предметот сѐ уште се води предистрага во Обвинителството, за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија.

Се вештачат доказите и се испитува дали имунолошката терапија за онколошките пациенти е украдена и препродавана на црно. Во тек се распити на сите оние кои може да имаат некакви информации поврзани со случајот.

А, денешниот протест – четврти по ред е со цел да се изврши притисок врз институциите да делуваат експресно, за да добие случајот разрешница.

Денес почетна точка беше Владата како и претходните трипати. Но, наместо пред ОЈО, протестот заврши пред Министерството за здравство.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе