Молк за измените на Кривичниот законик на судењето за „Титаник“ за изборните нерегуларности. На рочиштето се сослушуваа сведоци, но ниту обвинителката, ниту одбраната не го отворија прашањето за застарување на делото злосторничко здружување.
Надвор од судница, адвокатите велат дека судот не може на нивен предлог, или по службена должност да констатира застареност на некое кривично дело на среде судење, туку само по иницијатива на обвинителството.
Обвинителката Лиле Стефанова во разговор со новинарите објасни дека ќе се произнесе во завршниот збор. Тогаш ќе го повлече обвинението за злосторничко здружување а судот застареноста ќе ја констатира во пресудата. Според Стефанова судењето за „Титаник“ во секој случај треба да продолжи затоа што обивнетите одговаат и за други кривични дела кои се поврзани со изборите и нема да има дополнителни трошоци.
Со измените на Кривичниот законик, на удар е делото „злосторничко здружување“ за организаторите на групата во „Титаник“. За членовите, застаре уште пред две години. Поранешните министри Јанкуловска и Јанакиески признаа вина, па делото злосторничко сѐ уште им стои во обвинителското портфолио за „Титаник“, на Никола Груевски и Кирил Божиновски.
Од обвинителстовто го повторуваат ставот дека во секој предмет поединечно ќе одлучуваат како ќе постапуваат по измените на Кривичниот законик.
Неофицијално, адвокати и обвинители за Телма анализираат дека во предметите каде застарува единственото дело за кое одговараат обвинетите, обвинителството нема избор освен веднаш да ги повлече обвиненијата за да не се прават дополнителни трошоци.
Таков е предметот „Тректорија“ за кинеските автопати. Единственото дело за кое одговараат Пешевски, Јанакиески и Георгиевски е злоупотреба на службената положба и застарува за половина месец. Овој предмет и до сега има доволно трошоци за адвокати и вештачења кои ќе паднат на сметка на буџетот поради застарувањето. Груевски во „Траекторија“ одговараше за поблаго дело кое и пред измените му е застарено.
Голем број од предметите на СЈО ќе бидат разнишани со застарувања на делата „злоупотреба на службената положба“ и „зосторничко здружување“ токму поради намалените казни со последните измени на Кривичниот законик кои невладините ги нарекоа „скриена амнестија”.
Елена Ивановска Мукоска