Останато Спорт

Македонија со девет атлетичари на Балканското првенство

В сабота и недела во Краљево ќе се одржи Балканскиот шампионат во атлетика на кој ќе настапат девет атлетичари од Македонија.

Во машка конкуренција се пријавени пет натпреварувачи и тоа Андреас Трајковски кој ќе се натпреварува во скок во далечина и во штафетата 4 пати по 100 метри, Јован Стојоски кој ќе партиципира во трките на 200 и 400 метри како и двете штафети, Михаил Петров е пријавен за трката на 200 метри и ќе биде дел од штафетите, Леонид Вандевски ќе се натпреварува на 1500 метри и 3000 метри со пречки, Огнен Стефановски покрај во трката на 400 метри ќе настапи и во штафетите, а четвртиот член во штафетата 4 пати по 400 метри е Филип Апостоловски.

Во женска конкуренција Адријана Поп Арсова ќе настапи на три и пет илјади метри, Сара Османовски е пријавена за трката на 100 метри со пречки додека Натура Мало ќе се појави на стартот на 100 метри.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе