Вести Македонија Најважни

Судски совет не избра претседател, потребното мнозинство ги помати сметките

Повеќе од 2 часа им беа потребни во Судскиот совет да се пребројат за на крај заменик претседателот на Судскиот совет Селим Адеми да предложи одлагање на изборот за нов претседател за 2-ри мај. Како причина беше наведено отсуството на еден од членовите. Пожелно е за вака важна точка, како избор на претседател, да сме во полн состав рече Адеми.

И вчера не беше присутна судијката Мирјана Радевска Стефкова, но таборот што бараше нејзино разрешување не сакаше ни да слушне за одлагање на седницата за еден ден, како што бараа дел од членови на советот. Затоа денешното оправдание, кое новинарите го слушнаа по два часа чекање,  одеше  во прилог на неофицијалните информации дека т.н пучисти во Судски совет немаат 8 гласа за да изберат нов претседател.

Адеми кој во присуство на Дамева вчера го презеде раководењето и ја разреши со 7 гласа смета дека институциите се тие што треба да кажат дали е незаконска постапката, а не експерите.

Дамева денеска седна на старото место каде што седеше како член до пред 4 месеци.  Таа очекува дека колегите нема  да дозволат промена на ставовите во наредните денови а Адеми како заменик требало да ги заштити од можни  притисоци и влијанија

Министерството за правда е загрижено за случувањата во Судскиот совет. Министерот Кренар Лога им пишал дека го бара на увид запинсикот од седницата и усвоениот дневен ред. Судскиот совет  треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, а она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството, пишува во соопштението од правда

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе