Вести Македонија Најважни

Весна Дамева разрешена од функцијата претседателка на Судски совет

Весна Дамева е разрешена од функцијата претседателка на Судскиот совет. Ова е епилогот од денешната тензична седница на Судскиот совет.

Караниците кулминираа во моментот кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање, пришто седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

Адеми притоа експресно ја затвори денешната седница на Судскиот совет и закажа нова за утре во 11 часот.

Жестока караница и обвинувања во Судскиот совет – се собираат потписи за разрешување на претседателката Дамева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе