Вести Најважни Свет

(ФОТО) Гардистот Тешеира денеска ќе се појави на суд за протекувањето на документи од Пентагон

Уапсениот американец осомничен за протекувањето на документи од Пентагон, поврзани со војната во Украина и други прашања поврзани со националната безбедност, денеска ќе биде изведен пред лицето на правдата. 21 годишниот Џек Тешеира, припадник на Националната гарда на Масечусетс, кој вчера беше уапсен од ФБИ, ќе треба да даде исказ во кој ќе објасни зошто го сторил делото.

Дел од информациите во јавноста во врска со мотивот за објавување на документите се дека тој изразувал скептицизам кон американската влада, но неговите пријатели, пак, тврдат дека Тешеира ниту бил свиркач ниту странски агент

Американските агентои вчера го уапсија во  неговата семејна куќа во Дајтон, Мсачусетс откако тој беше идентификуван како водач на група за онлајн-разговори каде првично биле објавени документите, а оттаму се проширија и на други социјални мрежи.

Младиот гардист се товари за неовластено објавување доверливи информации, а неговото изведување пред суд се очекува да се случи во Бостон во текот на денот.

Тешеира работел како ИТ специјалист во разузнавачкото крило на Националната гарда на Масачусетс.

Документите кои протекоа на социјалните мрежи сугерираат и детално изнесуваат информации за помошта што САД и НАТО и ја пружаат на Украина во војната со Русија, како и за проценките на американските разузнавачки служби поврзани со земјите сојузнички на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе