Вести Македонија Најважни

(видео)Тунелот во затворот Идризово го откриле градежни работници, затворениците четири-пет месеци планирале бегство

Сцена како на филм. Тунел ископан во затворот Идризово открила затворската полиција. Се копал најмалце четири до пет месеци а во него имало потпорни греди со добро осветлување.

Пред 20 дена работнции пријавиле, а тајната полциија правела проверки. Денеска, во затворот пристигна и градежна механизација.

Рано утринава затворската полиција при акција за сузбивање на можни обиди за бегство на осудентите лица откриле ископан тунел. Недостигале уште неколку метри за осудените лица да дојдат до главниот преграден ѕид на затворот Идризово. Овој тунел бил добро осмислен.

Затворот Идризово има тунел како оној на максиканскиот нарко бос Ел Чапо, но кој требал да помине низ него допрва ќе се истражува. Го откриле градежни работници, а го копале затвореници со доживотни казни.

Додека се подготвувало филмското бегство во затворот Идризово каде казна затвор одлежуваат осудените лица со најтешки кривични дела премиерот Димитар Ковачевски го разреши директорот Шпенд Тахири.

Филмското бегство на Беким Мемети не беше доволна причина, премирот да донесе ваква одлука. Тогаш го правдаше како нов и недокажан кадар за денеска  да предложи негова смена.

Обвинителството сега има полни раце работа да открие евентуална вмешаност и корупација кај затворските службеници но и да се испита безбедноста во најголемиот затвор во земјава кадешто често се случуваат коруптивни скандали.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе