Вести Македонија Најважни

Високи суми ќе се наплаќаат за ангажирање на странските експерти за „Бехтел&Енка“

Вртоглаво високи суми ќе се наплаќаат за ангажирање на странските експерти кои ќе вршат надзор за време на градбата на коридорите 8 и 10 Д, открива „360 степени“. Но, нивната анализа на договорот, кој владата го потпиша со „Бехтел&Енка“ вели дека зад тие меѓународни експерти стојат домашни кадри.

Иако на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел&Енка“ стои „ИРД Инеженеринг” од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата, а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“.

„360 степени“ дошле до деталите за тендерот кој чини 22,3 милиони евра без ДДВ, пари што државата се согласи да ги плати за конзорциумот предводен од италијанската компанија ИРД – прво, да договори сума за изградба на автопатите со изведувачот „Бехтел&Енка“, а потоа и да врши надзор над градбата. Во договорот ги има имињата на експертите што ќе работат на надзорот, но и колку ќе чини нивната работа. Прва работа што паѓа во очи е дека од 81 име, само 5 се на странци од кои четворица од земји од соседството.

Според документите, цената на услугите на овие лица е паушал од 300.000 евра по човек, односно вкупно за четворицата државата ќе плати 1.200.000 евра. Деветстотини илјади евра од нив ќе поминат преку домашната „Електра солушнс“. Кога, пак, ќе се погледне збирот на сите ставки од понудата, се доаѓа до уште појасен показател дека „ИРД“, иако водечки на хартија, не е главен партнер во надзорот.  Најголем дел од 22,3 милионскиот тендер одат кај „Електра солушнс“ или подизведувачите што ги ангажирале. Тоа се околу 8,3 милиони евра.

„Електра солушн“, до објавувањето на тендерот немала лиценца за надзор. Барање до Министерството за транспорт и врски фирмата го доставила 12 дена по објавување на тендерот, а лиценцата е издадена за помалку од 5 дена. Документите од Централниот регистар кои ги објави „360 степени“ покажуваат дека компанијата постои 21 година. Во најголем дел од своето постоење компанијата за главна дејност имала – производство на долна облека, па кратко давала услуги во врска со информатичка технологија, пред да се вклучи во градежништво.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе