Вести Македонија Најважни

Млечните производи и тестенините „замрзнати“, следни се јајцата

Од следната недела поевтини тестенини, урда, сирење, кашкавал, јогурт, кисело млеко, павлака, млеко. Владата одлучи да ги укине царинските давачки за увоз на тестенини. А, за возврат  увозниците треба да ги намалат нивните цени за најмалку 15 отсто или за 8 до 9 денари. Кај млекото и млечните производи поевтинувањето да биде минимум 10 проценти. Овие цени треба да важат до крајот на мај. Во меѓувреме ако не се намали цената и на јајцата, оризот, шеќерот и тие ќе се „замрзнат“.

Ако не се применува намалување на цените од 1 март до наредната недела ќе следат и нови одлуки. Ова не е закана, туку одговорно однесува и очекуваме поддршка, Крешник Бектеши, министер за економија.

Бектеши го впери прстот во компаниите. Меѓу себе се договарале да ги продаваат производите со највисока маржа, за да не се откажат од профитот. Тој дојде со математичка пресметка која покажува како се креира крајната цена. Упати мотивирачка порака до увозниците и производителите – ако ги намалат цените повеќе од зацртаните проценти, ќе бидат наградени.

Ние сме донеле одлука намалувањето да биде 10 отсто, но ако биде 20 во следните денови ќе седнеме и ќе разговараме како да им излеземе во пресрет за тие 10 проценти повеќе што ќе ги намалат, додава Бектеши. 

Производителителе на млеко и млечни производи, претходно предупредија дека со замрзнувањето ќе претрпат штети. Бектеши е сигурен дека тоа нема да се случи. Нивните тековни состојби покажуваат дека ниту една компанија до сега не е оштетена и нема да се отстапува од одлуките.

За овие производи маржите се ограничени повеќе од една година. Мерката не даде големи резултати со оглед на тоа што нивните цени драстично се зголемени. На обидите на Владата пазарењето да го направи поевтино, со реакција и од ССМ. Процентот на зголемување на цените на  овие производи е многу повисок од оној за кој ќе поевтинат. Затоа и од ССМ сметаат дека со замрзнувањето многу се доцни.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе