Вести Македонија Најважни

Агелер: Едно до две имиња од Македонија ќе има на „црната“ листа на САД

Едно или две имиња од Македонија ќе содржи црната листа на Вашингтон што ќе биде објавена во наредните месеци. Ова го најави амбасадорката Анџела Агелер, која повтори дека има повеќе листи на санкции кои се подготвуваат во Вашингтон.

„Има луѓе кои треба да се разгледаат, но бидејќи системот во Вашингтон е многу правно внимателен,  тој бара време и истражување за наводните криминали за да не ставиме на листа некој што не заслужува да биде таму. Тоа е систем кој се менува и поместува и мислам дека во наредните месеци ќе видиме едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи. Не запира, тоа е континуиран систем во Вашингтон“, порача Анџела Агелер, амбасадорка на САД.

Амбасадорката го посети истражниот центар во скопското основно обвинителство кој доби донација во техничка опрема од амбасадата на САД. Агелер повтори дека топ приоритет за нив останува зајакнување на правосудството на сите нивоа.

„Во оваа земја сум од ноември, но корупцијата постои многу подолго и тоа не е проблем кој може да се среди за само неколку месеци. Воспоставени се и одредени системи кои треба да се проверат. Затоа, доаѓањето тука денеска е од голема помош, за да се види како се гонат кривичните дела, без оглед дали се финансиски кривични дела, очигледни видови на корупција или слично. Затоа сакаме да сме партнери со оваа земја, на начин со кој ќе им биде јасно на нејзините граѓани, дека овој систем е тука за нив. За тоа е потребно време, не може еден компјутерски систем да го среди тој проблем веднаш, но е приоритет, и како што кажав и претходно, ако имам една цел додека сум тука како амбасадор, тоа е да сум сигурна дека сум направила се што можам, како и мојот тим, да се зголеми довербата на граѓаните во С. Македонија во нивното судство“, вели Агелер. 

Дали може корупција да гонат деца и други роднини на политичари, Агелер не сака да ја коментира листата на идни судии и обвнители од Академијата, но децидна е дека прашањето за непотизам е многу битно.

„Можам да ви кажам дека во САД, законите за непотизам се многу силни и верувам дека се битни. Не можам да коментирам за тие имиња, бидејки не знам за квалификациите и заслугите на тие индивидуи. Но битно е вие како новинари да ги поставувате прашањата. Тоа е дел од вашата улога, дека вие во име на јавноста  ги поставувате тешките прашања“, додаде американската амбасадорка во земјава. 

Очекувањата на американската амбасадорка за правосудството ги слушнаа и нејзините домаќини во државниот обивнител Љубомир Јовески кој се сретна со неа и шефот на Скопското обвинителство Гаврил Бубевски, според кого компјутерската опремата ќе им помогне на истражителите и обвинителите во секојдневната работа за собирање докази. Во моментот во овој истражнен центар има петмина истражители и Бубевски најави дека имаат потреба од уште тројца. Во 2022 година, 150 предмети обвинителите ги подготвувале со помош на истражниот центар.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе