Вести Македонија Најважни

Обвинителството со докази од форензика по убијците на Кривањева и Исеини

Улица „Самуилова“ – вообичено прометна со сообраќај и минувачи кои не го свртуваат погледот, а од спроти гламуорзен објект во кој се‘уште стојат трагите од крв.

Форензичарите утрово го напуштија „Шиша“ бар кој ноќеска беше обезбедуван од полициски специјалци откако во него одекнаа рафали, а петтмина напаѓачи ги изрешетаа Јетон Кривањева и Енис Исеини.

Засега е познато дека двајцата скопјани биле мета, а останатите лица кои биле во собата од кои едно добило два куршуми сега се сведоци на обвинителството.

Напаѓачите биле униформирани со црни маски на лицата, а од првите изјави на присутните во собата на вториот кат, обвинителите почнуваат да ја градат истрагата.

„Јавниот обвинител издаде наредба да бидат извршени разговори со повреденото лице, со неколку други лица кои биле присутни во угостителскиот објект за време на настанот, како и со други лица кои би можеле да имаат некакви сознанија за инцидентот,“ пишува кусо јавното обвинителство.

Но, обвинителите не си заминале со празни раце од „Шиша“ бар. Убијците оставиле и траги, а нивното двиежење ќе се следи од видео надзорот на „Безбеден град“.

„По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги и материјални докази од лице место во угостителскиот објект во кој се случи настанот се предадени на вештачење. Обезбедени се снимки од видео надзорот на самиот објект, на околните објекти, како и на системот „Безбеден град“, кои детално ќе бидат проверени.“ – потврди обвинителството.

Според првичната реконструкција, пет лица  стасале на ул. „Самуилова“ маскирани и вооружени извикале  – „Полициска рација“. Никој не ги запрел да влезат во засебната просторија и од повеќеммината присутни да пукаат во Кривањева и Исеини. По убиството бегството се дели на две етапи.

Од „Шиша“ бар до населбата Шуто Оризари и неосветлената улица „Вашингтонска“.

Автомобилот „Ауди 6“  со лажна регистрација 8870 го запалиле и оставиле.

Но, и во него има полно материјални докази кои обвинителите треба да ги одведат до напаѓачите.

До тогаш, непознато е каде исчезна групата која изврши двојно убиство и рани едно лице и зошто?

Убиениот Кривањева, е познат под прекарот Жила. Според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година. Тогаш маскирани напаѓачи стрелаа кон групата во која беа и Камер Идризи и Јетон Кривањева.

Тогаш интервенција на полицаец во цивил кој во моментот седел на истата маса со нападнатите го спречил нападот.

Пукал во напаѓачите во самоодбрана, при што во тој случај немаше сериозно повредени лица.

Во 2021-ва во Бутел беше убиен Камер Идризи додека се движел со автомобил, а во него било пукано од друго возило во движење.

Тоа убиство не е расветлено.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе