Вести Македонија Најважни

Премиерот Ковачевски и министерот Бектеши во потрага по евтин леб

Премиерот Димитар Ковачевски во улога на инспектор, но и купец во маалото каде што живее. Тргна да си купи леб. Но, не скап, туку оној по цена од 33 денари.

Едвај успеа да најде леб за дома, бидејќи голем дел од производителите не доставиле и утрово леб по цената која ја утврди Владата.

Револтиран одново им порача од пред рафтовите дека владата нема да попушти пред пекарската индустрија.

Придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши, Ковачевски бараше одговори кои фирми потфрлиле, а Бектеши одговараше.

Освен ефтина струја, главните производители се офајдиле и со ефтин гас.

Освен владината свита, мака мачат до леб да дојдат и граѓаните. Трет ден празни рафтови или скапи лебови.

Но, граѓаните за разлика од Ковачевски во внатрешноста немаат вакви проблеми. Леб има, и тоа ефтин. Дури и поефтин од 33 денари.

Ова следува откако Владата ги замрзна маржите на белиот и полубелиот леб на 33 денари до 31 мај годинава.

Причината за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе