Вести Македонија Најважни

(фото) Во струмичко лебот се продава и по 29 денари

Во еден од најголемите маркети во Струмица, Киси Трејд, кој има неколку ланци од продавници, лебот се продава по 29 денари. Од маркетот имаат сопствена пекара и одлучиле лебот во своите продавници да го продаваат дури и под максимално одредената цена од Владата од 33 денари. Продавниците на Киси Трејд имаат леб, а муштериите го купуваат по 29 денари.

И во струмичко Ново Село, продавниците се полни со леб. Пекарите го доставиле и истиот се продава по одредената цена од 33 денари.

Премиерот Димитар Ковачевски најави можни нови замрзнувања на цените на некои основни прехранбени производи. Како што кажа тој, во тек се анализи во министерството за економија, а по завршување на сите пресметки ќе биде информирана и јавноста.

„Во министерството за економија се прават анализи во однос на цени и на други основни прехранбени производи, така што во блиска иднина може да следува замрзнување на цените и на други производи, коишто се сметаат за основни прехранбени производи, но за тоа не би сакал да навлегувам во детали додека не бидат направени калкулациите. Кога ќе се направат, веднаш ќе бидете информирани“, рече Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе