Вести Македонија Најважни

Регулаторот предлага максимални 9 отсто поскапа вода за скопјани

Ако Град Скопје го прифати предлогот на регулаторната комисија, водата за пиење за скопјани ќе се зголеми за максимум три денари или во просек за 30 денари на месечна сметка. Ова го соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски по најавите на Ј.П. „Водовод“ дека скока цената на водата за пиење за 70 отсто.

Регулаторот одново направил пресметка и на градот му вратил контрапредлог. Од сегашните 31,87 денари за еден метар кубин, цената да може да се зголеми најмногу до 34, 53 за еден метар кубен.

Бислимовски е вчудовиден како градски водовод пресметувал трошоци според берзанска цена на електричната енергија, кога сите комунални претпријатија добиваат субвенционирана струја од ЕСМ продажба.

По истата шема за повисока цена на водата се воделе и други комунални претпријатија. Регулаторот дополнително ќе се изјасни за предлозите во Општина Струга, Кочани и други претпријатија кои барале покачување на цената. Последната одлука ќе треба да ја донесат советите на општините и директорите на јавните претпријатија кои треба да одберат цена во опсег предложена од регулаторот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе