Вести Најважни Свет

20-годишен студент е единствениот преживеан патник од првиот вагон – излетал од прозорот 25 метри во полето

20-годишен студент од Волос е единствениот преживеан од првиот вагон на возот кој се судри со товарен воз кај Лариса во Грција. Патувал за Солун, заедно со други студенти. Од силниот удар бил фрлен во полето и токму поади тоа и ја преживеал несреќата. Според информациите спасувачите таму го пронашле во бесознание. 20-годишникот веднаш бил префрлен во болница каде бил примен на операција, пренесуваат грчките медиуми.

– Тој беше единствениот преживеан од првиот вагон, изјавија лекарите кои сега се борат да го одржат во живот… Младиот човек имал две операции на главата и бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега…

Во меѓувреме, свртничарот вработен во железничката станица во Лариса ја признал вината за фаталната несреќа што се случи во Грција. Пред истражните органи признал оти еден од возовите го упатил на погрешна пруга по која од спротивната насока се движел другиот воз. За грешката сфатил дури откако слушнал за несреќата… Тој денеска треба да биде изведен пред обвинител, а се очекува да започне и обдукцијата на починатите… Според медиумите тој се соочува со тешки кривични дела, односно му се заканува кривична постапка за делото нарушување на безбедноста во сообраќајот со последица смрт на повеќе лица… За ова дело, според последните измени на грчкиот Кривичен законик, е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор.

 Бројката за загинати расте. Грчките медиуми јавуваат дека се зголеми на 43. 

Повредени се вкупно 85 лица, од кои 72 се во болница, а шест се на одделенијата за интензивна нега. Надлежните проценуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми, бидејќи неколку луѓе се заробени во првите вагони на патничкиот воз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе