Според првичните информации шефот на железничката станица во Лариса не ги свртел правилно клучевите механичките чворови, преку коишто се регулираат пругите за премин на возовите и ги испратил двата воза на иста линија, јавува грчката телевизија ЕРТ.
Претседателот на машиновозачите на компанијата „ОСЕ“, г-дин Костас Генидунијас, рече дека доколку функционираше светлосната сигнализација, трагедијата можеше да се избегне.
Јанис Дицас, претседател на синдикатот на железничарите, за ЕРТ изјави дека и покрај 40-годишното искуство, не може да каже кој е виновен за несреќата. Тој додаде дека единствена утеха е тоа што несреќата не се случила во блискиот тунел.
Патнички воз во кој имало стотици луѓе, меѓу кои и многу студенти кои се враќале дома од одмор, со голема брзина се судрил со товарен воз во Грција.
Во судирот во северна Грција загинаа 36, а повредени се најмалку 85.
Повеќе вагони излетаа од шините, а најмалку три се запалија по судирот, којшто се случи непосредно пред полноќ во близина на градот Темпе додека патничкиот воз излегуваше од подвозникот на автопатот.