Вести Македонија Најважни

Девет месечно бебе со туберкулоза тешко само три килограми е во многу тешка состојба

Бебе заболено од туберкулоза, тешко само три килограми на возраст од двет месеци е пренесено од болницата во Козле на детска клиника, поради влошување на здравствената состојба и е приклучено на механичка вентилација. Лекарите се борат за неговиот живот, збунети се зошто досега бебето не било донесено на лекар. Неговата мајка минатата година со месеци се лекувала од туберколоза на Институтот за белодробни заболувања, но потоа не дошла на контрола, ниту пак побарала лекарска помош за болното и неухрането деветмесечно бебе.

„Ако било во контакт со мајката ризикот е голем. Каде затајува медицинската нега, дали воопшто ова дете има матичен доктор. Добивме податоци дека во Јануари бебето е видено од матичен доктор и е пуштено дома како настинка, а имало вирантус“, вели докторка Стојка Нацева Фуштиќ, директорка на Детската клиника.

Не се знае зошто бебето го нема во здравствениот систем и нема податоци каде се лекувало, но и зошто семејството воопшто не било евидентирано како социјален случај.

„Социјалната служба доби информација дека таткото е вработен и дека социјалната служба во Куманово семејството воопшто го нема евгидентирано како социјален случај“, додава директорката Фуштиќ.

Директорката уверува дека нема потреба од паника за зараза од туберколоза, затоа што бебето е изолирано и за него се грижи посебен медицински персонал.

Микробилозоте истакнуваат дека туберколозата не е толку лесно пренослива болест.

„Детето можеби е заразено од мајката, не можеме да кажеме дека таа е носителот. Меѓутоа да се крева паника дека има туберкулоза, да има 500-600 случаи годишно меѓу кои и деца, но не е така лесно пренослива болест“, вели Никола Пановски, микробиологог.

Од денеска мајката повторно е хоспитализирана во Институтот за белодробни болести, а нејзините три малолетни деца се повикани во Детската клиника Козле на испитувања за можна туберкулоза.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе