Вести Македонија Најважни

Мелничарите се заканија – штом замрзне цената на лебот, престануваат со производство и испорака

Ако се замрзне цената на  лебот, ќе се стопира производството и испораката.  Од пекарската индустрија лути, откако  министерот Бектеши  достави предлог до владата да се укине субвенционираната струја, а  најави  и  замрзнување на  цената на лебот.

Тие тврдат дека со евтината струја ги намалиле цените и тоа повеќе од што требало.

Ако се донесе таквата мерка ќе претрпат штети од 3.000 до 15 000 евра дневно.

Затоа едногласно  одлучиле,  веднаш штом стапи на сила одлуката за замрзнување,  прекинуваат со работата и на пазарот нема да се испорчаува леб.

„Не бараме време, кажавме јасно и гласно. Кога ќе се донесе одлуката во Службен весник од наредниот ден индустирјата донесе едногласна одлука дека ќе престане со испорака на леб. Ова не е бојкот, ова е спас за целата индустрија“ – вели претседателот на мелничко пекарската индустрија, Горан Малишиќ.

Бавното намалување на цените  од пекарската индустрија  го правдаат со тоа дека се уште се користат залихите кои се направени во време кога цените на пченицата и енергенсите биле повисоки.

И не станувало збор за никакви воени профитери како што се зборувало во јавноста.

Освен скапите суровини, недостатокот на работна сила од пекарската индустрја го посочоија како посериозен проблем и закана за целиот сектор.  Поради немањето на кадар платите во нивната индустрија се движеле од 600 до 1000 евра.

Пред два дена министерот Бектеши  соопшти дека до Владата доставил  предлог за укинување на субвенционираната струја која фирмите ја користат  веќе трет месец, но и дека од први март ќе ја замрзне цената на 33 денари за белиот и полубелиот леб.

Ваквата одлука на ресорниот министер следува откако анализите покажале дека најголем дел или 70 отсто од компаниите кои користеа  евтина струја  или воопшто не ги намалија цените или незначително ги поевтинија производите. Според грубите пресметки на надлежните за овие три месеци  за компаниите да добиваат евтина струја од буџетот се потрошени над 1,5 милиони евра.

Експертите пак сметаат дека за неуспешноста на мерката виновни се и двете страни и креаторите и оние кои ја користеа.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе