Вести Најважни Свет

(видео)24. февруари- Ден кој го подели животот на пред и по започнување на војната во Украина

Ден кој го подели животот на пред и потоа не само на луѓето во Украина, туку и на цела Европа. Ден кој нема да се избрише од сеќавањата на Украинците, кои длабоко во себе се уште се надеваат во доброто на својата земја.

  • Денес од утрото се чувствувам многу вознемирено. Тензично, но сепак се надевам на најдоброто. Малку плачам. Тоа што се случува е всушност многу тешко и болно. Но, ние не губиме надеж.Сè ќе биде добро во Украина, сè ќе биде во ред, вели Тетијана Климкова, жителка на Киев.
  • Овој ден го подели животот на пред и потоа. Не бев дома една година, не се видов со семејството една година, па за мене тоа е страшна болка и ден во кој не сакам да се вратам.

Моите мисли, повторно гледам фотографии или видеа. Многу тежок ден, рече Дарија Хорда, жителка на Киев.

Блиску до линијата на фронтот во североисточна Украина во пресрет на можна руска контраофанзива украинските војници на Третата тенковска бригада учествуваа во воена вежба. Во истовреме руските војници се концентрираат појужно долж линијата Кремина-Лиман во обид да ги обезбедат границите на провинциите Луганск и Доњецк. Можна е и контраофанзива на север, изјавија претставници на украинската армија, додека руските трупи вршат секојдневни напади во правецот Купјанск во провинцијата Харков.

  • Имаме само една воена задача – да ја заштитиме Украина. Мотивацијата е голема, на грајот непријателот сигурно ќе го поразиме, вели војникот Олександер Демлиан.

На церемонијата на глевниот плоштад во Киев украинскиот претседател вети победа во 2023 година, тој денот кога почна руската инвазија ја нарече „најдолгиот ден од нашите животи“ – најголема и најсмртоносната војна во Европа по Втората светска војна.

  • Украинскиот бојник, нашата најважна личност која постои и благодарение на која постојат милиони Украинци, благодарение на кого постои Украина, благодарение на кого вечно ќе одекнува славата на Украина. Им благодарам на сите што го издржаа тој февруари и оваа година и што ѝ даваат на Украина нескротливост. Слава на сите кои сега се во битка, слава на вооружените сили на Украина, Националната гарда, разузнавањето, службата за безбедност, Националната полиција, украинските граничари и сите вас, нашите одбранбени и безбедносни сили, слава на сите вас кои помагате, помогне во борбата секој ден и оние кои спасуваат животи. Светол спомен за сите оние чии животи ги одзеде оваа војна. Слава на нашите херои. Слава на Украина, истакна Володимир Земеленски, претседател на Украина.

Претседателката на Европската комисија рече дека „сега е време да се удвои“ поддршката за Украина, во својот говор во Талин истакна дека Путин „не успеал да постигне ниту една од неговите стратешки цели“.

  • Една година, од почетокот на неговата брутална војна, Путин не успеа да постигне ниту една од своите стратешки цели. Наместо да ја подели Европската унија, тој не наоѓа обединети и решени да застанеме покрај Украина толку колку што е потребно. Наместо да доминира на глобалниот енергетски пазар, тој смета дека е намален главниот извор на приходи. Наместо да ја избрише Украина од картата, тој се соочува со нација поенергична од кога било. Украина стана доказ за храброста на нацијата која никогаш нема да попушти во својата борба за слобода. Тоа го гледаме секој ден овие 365 дена од почетокот на оваа страшна војна, кажа Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Една година подоцна од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина низ цела Европа има речиси 8 милиони бегалци од Украина. ОН објавија дека загинале повеќе од 7.000 украински цивили, бројка која е непрецизна, бидејќи украинските власти велат дека бројката е приближно 40.000 убиени цивили. Во Украина девет милиони луѓе живат без струја.. Сексуалното насилство се користи како воено оружје.

Во Русија на Путин, држењето празно парче хартија на јавно место може да ве одведе во затвор. Десетици илјади Руси се уапсени за антивоени протести. Во двете земји 345 милиони луѓе се соочени со глад.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе