Новинарите излегоа на протестен марш за да го изразат незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат, како и лошата социо-економска состојба.
Целта е заеднички и сплотено да се изрази незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.
Новинарите бараат итно донесување на неопходните закони, кои се важни за нивните права и за работата на медиумите и нивно доследно имплементирање,јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите, тие исто така барааткда престане агресивниот државен пиар, поголема поддршка за локалните новинари и медиуми и почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници како и безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.
- Доста ни е од изговори. Бараме почит за новинарската професија, за сите нас. Никој не смее да не потценува и навредува затоа што на крајот од денот работиме за граѓаните и за јавниот интерес. Новинарството е јавно добро кое не припаѓа ниту на Владата, ниту на опозицијата, ниту на партиите, ниту на газдите на медиумите. Им припаѓа на новинарите и новинарките, изјави претседалот на ЗНМ
- Нападите врз новинарите и медиумските работници се напад врз јавноста, односно врз правото на граѓаните да бидат информирани. Го поздравуваме донесувањето на измените на Кривичниот закон со кои се предвидува нападот врз новинарите и медиумските работници да се третира како напад врз службено лице, но предупредуваме дека соодветна и доследна примена на овој закон е она што нас не интересира и она што на крајот ќе се мери, истакна претседателот на ССНМ
