Вести Македонија Најважни

Mарш против понижувањето на новинарите од политичарите – доста ни е изговори, бараме системски решенија

Новинарите излегоа на протестен марш за да го изразат незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат, како и лошата социо-економска состојба.

Целта е заеднички и сплотено да се изрази незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

Новинарите бараат итно донесување на неопходните закони, кои се важни за нивните права и за работата на медиумите и нивно доследно имплементирање,јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите, тие исто така барааткда престане агресивниот државен пиар, поголема поддршка за локалните новинари и медиуми и почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници како и безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

  • Доста ни е од изговори. Бараме почит за новинарската професија, за сите нас. Никој не смее да не потценува и навредува затоа што на крајот од денот работиме за граѓаните и за јавниот интерес. Новинарството е јавно добро кое не припаѓа ниту на Владата, ниту на опозицијата, ниту на партиите, ниту на газдите на медиумите. Им припаѓа на новинарите и новинарките, изјави претседалот на ЗНМ
  • Нападите врз новинарите и медиумските работници се напад врз јавноста, односно врз правото на граѓаните да бидат информирани. Го поздравуваме донесувањето на измените на Кривичниот закон со кои се предвидува нападот врз новинарите и медиумските работници да се третира како напад врз службено лице, но предупредуваме дека соодветна и доследна примена на овој закон е она што нас не интересира и она што на крајот ќе се мери, истакна претседателот на ССНМ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе